“Ме прашуваат “како да живеат здраво три дена пред смрт”! Па најдобро да почнете да се навикнувате на земја!”

Како во повеќето држави, така и во Босна и Херцеговина, медиумите се обидуваат да го свртат вниманието на јавноста кон здравата исхрана и здравиот начин на живот.

Но, изјавата на еден доктор по ова прашање стана вирално пред сѐ поради директниот одговор. Кардиохирургот Емир Солаковиќ кој важи за ценет и почитуван лекар не само во Босна и Херцеговина, туку и пошироко, овој пат зборувал за начинот на живот и што всушност претставува здравиот живот:

“Кога ќе дојдат странци кај мене, првата работа која ја бараат е просторија за пушење цигари. Тие пушат една по друга цигара, јадат пита и тоа трае два-три дена. Потоа се враќаат во својата земја која има поинаков систем и тоа не е нивниот начин на живот”, започнал докторот.

Потоа објаснил зошто се мали шансите босанскиот народ да биде здрав:

“На нашите факултети, ние два часа учиме за здравиот живот и тие два часа нѝ се здодевни. Што вреди кога ќе дојде пациент кај доктор, кога докторот не знае што да му каже. На телевизија гледаме разни реклами, поминувате низ градот и гледате само ќебапи, никаде нема риба. Нашиот народ нема теоретска шанса да биде здрав и потоа три дена пред смрт, доаѓаат и прашуваат како би можеле да живеат здрав живот. Јас им кажувам “Најдобро посипи се со песок и почни да се навикнуваш на земја”, додал Солаковиќ, а неговиот одговор ги освои социјалните мрежи.

Leave a comment

error: Content is protected !!