Маскирани насилници правеле хаос по Шведска: Запалиле десетина возила и полицијата ја гаѓале со камења

Бандите маскирани момчиња вчера правеле хаос ширум Шведска, фрлајќи камења на полицијата, а десетина автомобили биле запалени.

Вкупно се оштетени околу 80 возила, а мета на нападите биле три каравани и еден камион.

Пожарите биле пријавени во Малме, Гетеборг и Хелсингборг, а на интернет била објавена и драматична снимка на која се гледа младина која пали автомобили во шопинг центар и на паркингот на една болница на западот на земјата.

Полицијата вчера почнала да истражува дали палењата ширум земјата се поврзани.

Најголемата група вандали наводно се собрала во Тролхатан северно од Гетеборг, каде дури 40 луѓе палеле возила и фрлање камења.

Автомобили гореле и на големиот паркинг во Фролунд Рог, каде се наоѓа болница и голем шопинг центар.

Итните служби наводно морале да ги смируваат насилствата, но шведската полиција соопштила дека нема повредени.

До полноќ сите пожари биле изгасени, а полицијата навела дека идентификацијата на извршителите е во тек, но дека уште нема уапсени.

“Повеќето пожари избија во краток временски период,, но не е исклучени дека се меѓусебно поврзани и случајот ќе биде истражен”, рекле од полицијата.

Шведското национално радио известило дека на терен имало околу 40 пожарникари кои се бореле со пожарите на различни места.

Ова насилство избило само три недели пред Швеѓаните да излезат на парламентарни избори.

Leave a comment

error: Content is protected !!