Маск фрлил бомба на берзата: Милијардерот со еден твит предизвикал хаос – акциите скокнале до небо

Илон Макс, милијардер и генерален директор на “Tesla Motors”, направил хаос на берзите со само еден твит.

“Размислувам да ја приватизирам “Tesla” по 420 долари. Финансирањето е обезбедено”, напишал тој на својот профил на Twitter.

Tesla spikes after Saudi wealth fund builds $2 billion stake: Financial Times from CNBC.

Понатаму во низата твитови објаснил што сака: да ги повлече акциите на компаниите од јавната понуда на берзата. Маск планира од постоечките акционери да ги откупи акциите по цена од 420 долари, а потоа да ја повлече компанијата од берза и да ја претвори во приватна. Акционерите би имале два избори: да му ги продадат акциите на Маск по наведената цена или да ги задржат, но без можност да тргуваат на отворениот пазар.

Веќе по првиот твит акциите на “Tesla Motors” скокнале од 340 на 371,15 долари. Нешто повеќе од еден час стоеле на тоа ниво, за повторно да скокнат на 379,57 долари.

“Tesla” излегла во јавна понуда во 2010. година. Компанијата сега вреди 61 милијарда американски долари, а со цена од 420 долари по акција би достигнала 71.3 милијарди.

Маск навел дека своите акции нема да ги продава и дека ќе остане генерален директор. Исто така се надева дека сите сегашни инвеститори ќе останат и по приватизацијата и дека овој потег ќе стави крај на негативната пропаганда.

Еве што велат експертите за приватизацијата на “Tesla”:

Leave a comment

error: Content is protected !!