Бизарно:Марина Абрамовиќ од Србија доби 80 000 евра за ДВД каде што еден час гледа во магаре

Граѓаните од Србија го поставуваат прашањето, како делото на Марина Абрамовиќ кое го набави Музејот на современа уметност од Нови Сад ќе допринесе за културниот живот на овој град.

Еден уметник може да го прослави само неговото дело. А што во Србија се смета за уметничко дело вредно за внимание, или уште подобро вредно 80 000 евра?

Твитер гори од споделување на една објава од корисничка на оваа социјална мрежа, која напиша дека Музејот на современа уметност во Нови Сад за откуп само на еден перформанс платил 80 000 евра.

Она што понатаму предизвикува нервоза кај Твитерџиите е самиот перформанс, во кој уметницата еден час гледа во магаре. Да, добро прочитавте. Се работи за делото „Исповест“ на контроверзната уметница Марина Абрамовиќ. Барем за тие пари да дојдеше лично Марина во Нови Сад. Уште поголема контроверзија е што парите се платени за ДВД- тврдат на Твитер.

Марина Абрамовиќ е една од најуспешните и најконтроверзните уметници на денешницата, со низа дела и перформанси за паметење зад себе, таа е жена која ја обожуваат сите познати фаци од Холивуд, но и политиката. Но, сепак овој перформанс од 2010 година е навистина скап за една држава на Балканот.

Се поставува прашањето како ова дело ќе го збогати културниот живот во Нови Сад?

Leave a comment

error: Content is protected !!