Марија ја продала невиноста за 2 милиони: Кога кажала зошто го прави тоа, сите биле шокирани

Манекенка ја понудила својата невиност на аукција, а најолемата понуда наводно била околу 2,3 милиони евра за тоа искуство.

Се верува дека јапонски политичар понудил најмногу пари на аукцијата за невиноста на 23-годишната Махбуба Мамаџада, на германскиот сајт „Cinderella Escorts“.

Манекенката од Азербеџан сака парите да ги искористи за да го пропатува светот со својата мајка, пренесува Daily Star.

Махбуба има и медицинска потврда за својата невиност.

Под псевдонимот „Maria“, таа исто така бара спонзор кој би ѝ давал месечен џепарлак од околу 30.000 евра.

Во четвртокот, сајтот известил дека аукцијата е затворена. Потврдиле дека човекот со втората најголема понуда е адвокат со адреса во Лондон, додека третиот наводно е фудбалер од Минхен.

Како дел од договорот, „Cinderella Escorts“ ќе земат 20% од провизијата.

Оној кој ќе понуди најмногу мора да плати 10% однапред – за да докаже дека е сериозен, и да резервира хотелска соба за нив.

„Трансакцијата“ ќе се одвие во Германија, каде продажбата на сексот е легална.

Во својата пријава навела дека сака на мајка си да ѝ купи куќа и да го пропатуваат светот. „Сакам да живеам во САД и да ја продолжам манекенската кариера со некоја од најдобрите агенции таму.“

„Сакам кучиња и сонувам за отворање живеалишта за нив во својата земја.“

„Мојата мајка досега нарави сè за мене и сега јас сум на ред, сакам да ја направам горда.“

Leave a comment

error: Content is protected !!