Марџори од „Game of Thrones” научи да зборува српски за новата улога (видео)

Прекрасната Натали Дормер, светот ја запозна во улогата на храбрата и итра Марџори во Game of Thrones, која за жал трагично загина на крајот од шестата сезона на популарната серија.

Но, актерката по завршувањето на ангажманот во најдобрата телевизиска серија продолжи со снимање на филмски блокбастери.

Еден од нив е филмот „In Darkness”, каде што Натали ја игра главната улога, но се јавува и во улога на продуцент. Покрај неа, во филмското остварување улога имаат уште двајца нејзини поранешни колеги од „Game of Thrones”, но и други популарни британски актери, меѓу кои згодната Емили Ратајковски.

Дејствието на филмот се одвива во Лондон, а Натали толкува улога на слепа пијанистка која зад себе крие мистериозна приказна. Откако ќе биде убиена нејзината сосетка, слепата девојка се наоѓа во опасна ситуација, поради српскиот криминалец Зоран Радиќ на кој му се суди за воени злосторства во Босна за време на војната.

Филмот е напнат трилер, а зошто Натали Дормер зборува на српски не би можеле да ви откриеме, за да не ви го расипеме задоволството доколку сакате да го погледнете. Она што може да се каже е дека Србите повторно се прикажни како лоши момци по којзнае кој пат, a воениот злосторник Зоран Радиќ делува како да е лик инспириран од Аркан.

Погледнете го трејлерот за филмот In darkness:

Leave a comment

error: Content is protected !!