Манекенката во жешка акција на јахта со своето момче

Познатата германска манекенка, Хајди Клум (44), во провокативни пози разменувала нежности на јахта со својот избраник Том Каулиц, а сето тоа било уловено од љубопитните папараци.

Клум и нејзиното 16 години помладо момче уживале на јахта, а во еден момент им се препуштиле на страстите, без да обраќаат внимание на тоа дали се сами.

Папараците ги забележале овие моменти, а можеби најинтересен бил оној кога раката на Том залетала на задникот на убавата манекенка.

Хајди и гитаристот Том Каулиц најпрво меѓусебно се хранеле, а потоа преминале на бакнежи…Кога манекенката легнала да се сонча, нејзиниот избраник почнал да ја бакнува по стомакот. Парот потоа влегол во јахтата, каде продолжиле со бакнувањето.

Гитаристот на “Tokio Hotel” не можел да и одолее и не ги тргал рацете од задникот на својата избраничка. Без да се грижат за околината, тие не можеле да се одвојат еден од друг.

Leave a comment

error: Content is protected !!