Малолетник од Австралија призна: Ставав игли во јагодите, но како шега! Премиерот порачува: 10 години робија за тие идиоти

Австралиската полиција уапсила “младо дете” кое било фатено како става игли во јагодите во продавница во скандалот кој го потресол целиот континент.

Детето, чие име не е соопштено поради неговите години, било уапсено вчера попладне по локално време и признало дека бодело игли во јагодите во продавница, додавајќи дека тоа било “само шега”.

Тој е еден од којзнае колку луѓе одговорни за оваа саботажа. Боделе игли во јагоди, но и во банани и јаболки, во продавници ширум Австралија. Во сите шест сојузни држави се пријавени вакви случаи, а еден човек завршил во болница бидејќи проголтал игла.

Австралиските власти распишале награда од 100.000 долари за секоја информација која ќе доведе до апсење на саботерите кои го загрозуваат здравјето и животите на граѓаните, а премиерот Сток Морисон сериозно им се заканил.

“Некој идиот врши саботажа од причини само на нему познати. И сега секој идиот мисли дека може да влезе во продавница и да почне да става игли во овошјето како тоа да е шега…За такво однесување предвидена е казна затвор до 10 години”, изјавил тој.

Конкретно ова дете веројатно ќе се извлече со поблага казна, бодејќи ќе му се суди како на малолетник, но властите велат дека кон возрасните нема да имаат милост.

Пријави има се повеќе, а една од најалармантните дошле од Основното училиште “Сент Пол” во Њукасл, северно од Сиднеј, каде децата пронашле игли во бананите за ужина.

“Среќа што детето ја виде иглата пред да гризне. Ја информиравме локалната полиција, го посетија училиштето и спроведоа истрага. Ако наредните денови праќате овошје, ве молиме прво исечете го и пратете го во пластична кутија”, соопштило училиштето на својот профил на Фејсбук.

Истрага покажала дека во злосторство учествувале и други поединци кои го копирале детето. Сите ќе бидат строго казнети.

Голем проблем имаат и земјоделците, бидејќи масовно ги откажуваат нарачките на овошје.

“Секој ден трошиме 25.000 долари на берачите на јагоди – кои ги фрламе! Секако мораме да ги собереме за да не скапат и да привлечат муви, кои ќе го нападнат целиот род. Некои морале да го сопрат производството бидејќи секој ден фрлаат пари во пропаст и не знаат кога повторно ќе почне редовната продажба”, вели Гевин Скар, фармер од Квинсленд.

Leave a comment

error: Content is protected !!