Мало девојче пронашле во стан полн ѓубре и лебарки – не знаело што се случува и не знаело да зборува

Полицајците облечени во специјални заштитни одела го спасиле 5-годишното девојче „Могли“ кое што живеело опкружено во ѓубре и лебарки.

Петгодишното девојче Љубов живеело во стан во рускиот главен град Москва, опкружено со ѓубре, голема смрдеа и лебарки. Тоа не знаело ниту да зборува, а веројатно и никогаш досега не го напуштило станот.

Откако нејзината мајка Ирина Гарашченко ја оставила сама во валканиот московски стан, девојчето било пронајдено во многу лоша здравствена состојба, дехидрирано и болно.

Руските медиуми девојчето го опишуваат како „Могли“ – имало ланче кое што ѝ зараснало во кожата, не знаело да говори и испуштало само звуци, што значи дека вооошто не било социјализирано. Руските власти соопштија дека девојчето имало изразени знааци на анорексија.

Соседот кој што влегол во станот, откако ја повикал полицијата поради очајното плачење на девојчето, за руските медиуми изјавил: „За малку ќе се онесвестевме поради состојбата на станот и смрдеата. Полицијата мораше да носи заштитна облека“.

Соседите откриле дека мајката пред пет години пристигнала со бебето дома, но потоа рекла дека го однела девојчето да живее со нејзината баба. Нејзиниот сопруг бил депортиран во Украина, а девојчето се претпоставува дека воопшто во својот живот не го видело надворешниот свет.

Откако полицијата го спасила девојчето, мајката се вратила во станот. Соседите ја спречиле да побегне, а полицијата ја уапсила поради сомнение дека може да изврши самоубиство. Соседите раскажале за руските медиуми дека 47-годишната Ирина секогаш била добро облечена и тврдела дека има работа.

Leave a comment

error: Content is protected !!