Малиот Јане сними видео за кампањата на УЕФА и во живо го гледаше финалето на Лига Европа

На покана на УЕФА, нашиот храбар Јане беше во Франција, каде што во Лион заедно со фудбалски легенди снимаше спот за кампањата „Еднакви на терен“.

Во Франција го проследи и финалето на Лига Европа, помеѓу Атлетико Мадрид и Марсеј, а на патувањето го придружуваа неговите родители. Пред стадионот Јане беше дочекан како вистинска ѕвезда од фудбалските фанови.

Деветгодишниот Јане Велковски во видеото од кампањата игра фудбал со спортските ѕвезди Луис Фиго и Ерик Абидал, како и уште неколку истакнати фудбалери. Погледнете како изгледа кампањата на УЕФА, со нашето храбро момче во главна улога:

Leave a comment

error: Content is protected !!