Малиот херој Карпош- Преслатко кученце кое бара дом

Ова преслатко и мало по раст машко кученце некои го нарекуваат Карпош, некои Кико. Името го доби по училиштето во кое самото дојде- ОУ „Христијан Тодоровски“ Карпош.

Веќе неколку дена кученцето седи во близина на училиштето и се обидува да добие љубов од секој случаен минувач. Дебелко, со мека длака и постојано сака да се гали, Карпош ги освојува сите на прв поглед. Сите сакаат да го погалат, да си поиграат со него, да му дадат малку јадење.

Но, останува горливото прашање- Што ќе се случи со малиот Карпош?

На кучето очајно му е потребен дом и грижливи сопственици, а за возврат ќе ви пружи љубов каква што не можете да замислите. Одлично реагира и на деца и на возрасни, постојано сака да се гали и воопшто не лае. Има хигиенски навики и се гледа дека некогаш било домашен миленик. Но, ете судбината си поиграла со него, а несовесните сопственици го оставиле на милост и немилост. Можеби сопственикот е починат, може заминале во странство. Никој не ја знае вистината, но една е сигурно- Карпош итно треба да биде вдомен за да не остане на улица.

Ајде да му најдеме дом на ова прекрасно крзнено топче кое ќе ве освои на прв поглед!

Контакт: 070/688-014

Leave a comment

error: Content is protected !!