Мали херои:Децата што спасија човек во автобус добија признание од Општина Центар

Малите херои- Мила Коцевска, Ведран Лауренчиќ и Петар Тодоровски од градоначалникот на Општина Центар добија признание за нивната хуманост, храброст и пожртвуваност.

Пред неколку дена, овие ученици од основното училиште „Кочо Рачин“ во Скопје со градски автобус се враќале од натпревар по прва помош. На еден од патниците му се слошило, а автобусот веднаш сопрел во близина на поранешна „Нова Македонија“. Децата храбро и одлучно го покажале своето знаење и му помогнале на човекот, додека не дошло возило од Брза Помош за да го превезе до болница.

Докторите изјавиле дека тројцата 13-годишни ученици му го спасиле животот, а чудна коинциденција е што настанот се случил веднаш откако го освоиле второто место на натпреварот по давање на прва помош.

Саша Богдановиќ, градоначалникот на скопската општина Центар, вчера во паркот во Капиштец во присуство на ученици и вработени во ОУ. „Кочо Рачин“ на Мила, Ведран и Петар им додели призанија, а од своите соученици беа поздравени со голем аплауз.

„Денес посебно сум горд што имав можност да им изразам почит и признание на нашите херои од ООУ Кочо Рацин, кои вчера безрезервно помогнаа да се спаси еден човечки живот. Признание за нивната храброст, хуманост и пожртвуваност. Мила Коцевска, Ведран Лауренчиќ и Петар Тодоровски се пример за сите деца, а и за нас возрасните“- изјави Саша Богдановиќ.

Секоја чест за малите херои!

Leave a comment

error: Content is protected !!