Македонско, а светско: Слушнете ја новата соработка на Cyrillic & Iwayo ft. Dina – Right Here (видео)

Right here е втора песна, соработка помеѓу Сирилик, Ивајо и Дина Јашари, снимена на англиски јазик.

Дуото Сирилик го сочинуваат Андреј и Бојан, додека пак зад уметничкото име Ивајо, стои Иван Јованов, наш успешен музички продуцент инаку брат на Јован Јованов. Дина Јашари е одличен вокал, млада девојка за чие име допрва ќе слушаме.

Песната е deep/ chill house и е издадена за CDeep Music. Right here има светски призвук, а поради квалитетот нашите артисти може да се најдат рамо до рамо со светските музички продуценти кои се познати по овој жанр.

Видеото е изработено од Зоран Стојановски Зонде, а главната улога во спотот ја има младата Сара Дамчевска.

Слушнете како звучат Cyrillic & Iwayo ft. Dina:

Leave a comment

error: Content is protected !!