Македонските актери во акција за чистење на Клинички центар Скопје

Македонските актери по апелот на својата колешка Сања Арсовска решија да се фатат за работа и да го исчистат Клиничкиот центар.

Тие утре во Државна болница ќе започнат со чистење во 10 часот наутро, а целта им е како уметници да влијаат врз промената на свеста кај граѓаните.

„На статусот на Sanya Arsovska веќе реагираа неколку колеги/шки.
Решивме да започнеме со акција за чистење утре.
Се наоѓаме пред влезот на Клинички центар во 10часот.
Ќе има црни ќеси и ракавици, но за тие што сакаат да ни се придружат, нека земат нешто дополнително.
Цел ни е како уметници да влијаеме во промената на свеста на граѓаните кои се однесуваат несовесно кон животната средина. Планираме акцијата да ја правиме еднаш неделно на различни локации за време на летниот период. Секој што сака да ни се придружи е добредојден“- напиша актерката Ирена Ристиќ.

Кон апелот се придружија Симона Спировска, Несрин Таир, Гораст Цветковски, Јасмина Василева, Билјана Тануровска и уште неколку наши познати актери.

Целата иницијатива започна откако актерката Сања Арсовска преку својот Фејсбук профил ги повика своите колеги да и се придружат во акцијата:

Leave a comment

error: Content is protected !!