Земјоделец од Македонија на социјалните мрежи споделил снимка од поле, со кое ја заинтересира јавноста кај нас, но и целиот Балкан, а сето тоа поради природниот феномен кој се појавил.
Станува збор за чудното „однесување“ на земјината површина, која на прв поглед изгледа сосема тврдо, грубо и суво, а кога се оди по неа, таа се поместува како душек во вода.
Мажот на видеото гази по површината и скока како на трамболина, а движењето на земјата под неговите нозе навистина делува нереално. Причината за „живата кал“ во оваа област не е потврдена, но корисниците на социјалните мрежи во коментари започнале дискусија за можните причини на овој феномен.