Македонската пејачка Ади со 6000 евра бакшиш за една песна! (видео)

Младата македонска фолк пејачка Андријана Ади Костадиновска ја разгоре љубомората кај своите колешки.

Викендов, Ади беше гостинка на свадба во еден скопски ресторан, а невестата и младоженецот ја повикале да отпее и неколку песни за нивна душа. Очигледно песната „Милионерче“ им е една од поомилените, па младоженецот навистина не штедеше на бакшиш.

Андријана за една песна, од свадбата си замина побогата за 6000 евра, но предизвика лавина коментари на социјалните мрежи. Дел од колешките од фолк естрадата не се радуваа за парите кои Ади ги заработи, туку за жал се втурнаа во коментирање за нејзиното пеење.

Како и да е, фолк пејачката за три минути заработи сума која повеќето не ја заработуваат ни за цела година и докажа дека и македонските пејачки можат да заработат колку што заработуваат сите српски пејачки.

Leave a comment

error: Content is protected !!