Македонки на фестивалот Tomorrowland

Најголемиот светски музички фестивал, Tomorrowland кој се одржува во Белгија, секоја година привлекува илјадници посетители од сите страни на светот.

Оваа година фестивалот доживеа рекордна посетеност, а неколку музички сетови ќе останат во сеќавање на сите фанови на електронската музика. Најмногу ќе се памети настапот на Салваторе Ганачи кој буквално ги „раздрма“ сите светски медиуми со видеото од најдобрите моменти од неговиот настап.

Нас пак, не „раздрма“ оваа фотографија наводно направена за време на сетот на Салваторе во Белгија. Иако фотографијата има најмногу веројатност да е фотошопирана, сепак многу луѓе се фатија на „мамката“ и поверуваа дека на неа се две Македонки кои не го даваат името.

 

Leave a comment

error: Content is protected !!