Македонки играа оро на плажа во Охрид (видео)

Откако се појави видеото каде што група туристи игра оро и се забавува во грчкото одмаралиште Паралија, на социјалните мрежи се редеа лавина коментари.

Повеќето од коментарите беа дека е многу невкусно и недолично на плажа да се слуша фолк музика и да се весели како во кафеана.

Но, за кратко се појави слично видео и од македонските плажи, поточно од плажа на Охридско езеро. Група девојки, најверојатно играорки судејќи по нивните вештини за играње, си изиграа македонско оро на плажа. На крајот им се придружија и неколку момци, а она што го привлече вниманието на сите што го видоа видеото, беше тоа што девојките беа во костими за капење.

Во јавноста, коментарите за разлика од оние упатени кон играорците од Паралија беа позитивни.

Leave a comment

error: Content is protected !!