Македонка, сведок на пожарот во Грција: Бегав со двете деца, беше ужасно!

Македонка која живее во областа во Грција која беше зафатена со пожарите, била директен сведок на пожарот во кој загинаа над 80 луѓе.

Пожарот бил блиску до нејзината куќа, а од таму се гледало како гори ридот отспротива. Жената, сама со двете деца, присебна успеала со автомобил низ планината да побегне од таму и да ги спаси своите деца.

Храбрата мајка и децата, сега се добро, но ова за нив било навистина трауматично искуство. Особено ја погодиле и коментарите со омраза на социјалните мрежи, бидејќи и таа можела да биде една од жртвите.

„Фала ви на сите што ми пишавте за тоа што се случи тука, ние сме добро со оглед на траумата низ која поминавме со двете мали деца. Пожарите беа близу нашата куќа до морето каде што се случуваше поголемиот пожар. Буквално се гледаше како гори ридот кој е одалечен еден километар од нас. За жал бев сама со децата, маж ми не ни можеше дадојде по нас. Не знам од каде ми беше приземноста и храброста да возам сама низ планината со децата, но за среќа сме добро“- соопшти оваа храбра мајка.

Среќа е што оваа наша сограѓанка, заедно со малите дечиња успеа да се спаси од пожарот. Но, за жал пожарите кои беснееа во Грција однесоа многу човечки животи, има многу повредени, а уништени се илјадници домови и автомобили.

Leave a comment

error: Content is protected !!