Македонка со поголеми почести од Џастин Трудо: Во Торонто со говор пред 25 000 луѓе

Ања Николова е првата Македонка која магистрираше на престижниот Јејл. Во Павиа пак, на најстариот колеџ во Европа- „Ghislieri” имала просек „cum laude”-што значи просек поголем од 10-ка.

Има 25 години и е родена во Велес, а моментално живее во Њујорк каде што и работи. Во своето богато CV има работни места во ООН во Женева, во Светската Банка во Вашингтон, работела и како соработник за климатски промени во Париз, но и како волонтер во World Wildlife фондот за заштита на животните.

Со еден збор, Ања е генијалец.

Таа е дел од светската фондација „Ротари“ и е прва Македонка која е назначена за амбасадор на добра воља. Пред неколку дена во Торонто, Канада се одржа Меѓународната конференција и годишна конвенција на Ротари, пред аудиториум од 25 000 луѓе од целиот свет, меѓу кои доста влијателни личности.

Нашата Ања беше главен говорник и доби предност да зборува цели 25 минути пред премиерот на Канада- Џастин Трудо. Во нејзиниот говор таа раскажуваше за Јејл, Њујорк, Лондон, но најмногу за Македонија.

И додека Ања го живее својот сон во Америка и секаде не преставува во најдобро светло, нејзините родители живеат во родниот Велес и се гордеат со успехот на својата ќерка. И ние сите треба да се гордееме со нашиот најдобар амбасадор Ања Николова.

Leave a comment

error: Content is protected !!