Македонка растури на „The Voice”, беше дел од тимот на Кели Роланд и го воодушеви Бој Џорџ

Прекрасната Меди Крстевска е 18-годишна девојка која живее во Мелбурн, Австралија, а потекнува од Македонија.

Со одличен вокал, а и талент за компонирање музика, како и играње, младата Меди реши да се пријави на големото музичко талент шоу „The Voice” во Австралија.

Уште од самиот старт на шоуто ги собра симпатиите на жирито кое го сочинуваат елоквентни музички имиња од светската сцена, како Кели Роланд од Destiny Child, Бој Џорџ, Делтра Гудрем и Џо Џонас.

Ги помина „слепите“ аудиции и влезе во тимот на менторот Кели Роланд, но подоцна во битките за опстанок во шоуто беше „поразена“ од противникот Сем Пери. Ова исфрлање од „The Voice” предизвика големи контроверзии во јавноста, како и караници во жирито.

Противникот на Меди се служеше со лупер кој снима гласови, односно со нешто што го сметаат за недозволиво во шоу каде што вокалот е на прво место. Сепак, иако не продолжи во финалето, Меди остави одличен впечаток пред публиката и веќе има своја база на фанови.

Идната голема музичка кариера допрва доаѓа за оваа девојка!

Leave a comment

error: Content is protected !!