Македонија во среда добива покана за членство во НАТО

Македонските медиуми и пред 10 години пишуваа слични наслови. Јавноста беше убедена дека Македонија ќе стане членка на Алијансата, но потоа следуваше пресврт.

Радмила Шеќеринска, вицепремиерката на Македонија и координаторот за НАТО, Стево Пендаровски, денес на прес-конференција рекле дека овој пат нема да има разочарување со поканата за прием во Алијансата. Тие велат дека формулацијата за поканата ќе биде иста како таа за Црна Гора, и дека истата ќе дојде на 11 јули, кога се одржува самитот на НАТО.

Процедурата е следната – Алијансата праќа покана до Владата, а таа преку писмо одговара за своите намери и реформи, кои НАТО потоа ги оценува за краток рок.

 

Весникот “Катимерини” од Грција пишува дека Македонија ќе добие само порака во која ќе пишува дека членството на државата во Унијата ќе зависи од спроведувањето на договорот за името со Атина. Пендаровски и Шеќеринска тоа го потврдиле, рекле дека не е ништо ново и потсетиле дека истото го кажал и Јенс Столтенберг.

Од Владата велат дека ќе направат се што е во нивна моќ за се да се заврши во најкраток можен рок, за Македонија да може уште во јануари да го потпише протоколот за пристап кон Унијата.

 

Leave a comment

error: Content is protected !!