Македонија доби покана за НATO- ќе станеме ли наскоро полноправна членка?

НАТО официјално ја покани Македонија да почне пристапни преговори за прием во Алијансата.

Во заклучокот од самитот во Брисел е поздравен договорот Атина – Скопје без чија целосна примена нема завршување на пристапниот процес.

Македонија ќе стане членка откако ќе се завршат сите процедури предвидени со договорот за името со Грција.  Ова на самитот на Алијансата во Брисел го соопшти генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

„Топло го поздравуваме минатомесечниот историски договор меѓу Атина и Скопје и денеска се согласивме да ја поканиме владата во Скопје да ги почне пристапните преговори. Во моментот кога сите национални процедури ќе завршат околу финализирањето на договорот за името, земјата ќе се приклучи на Нато како 30-та членка“- изјави Столтенберг

Leave a comment

error: Content is protected !!