Connect with us

Repriza.mk

Македонија на History Channel- Геоглифот од Канда во емисијата „Ancient Aliens” како доказ дека овде постоеле древни цивилизации

Инфо

Македонија на History Channel- Геоглифот од Канда во емисијата „Ancient Aliens” како доказ дека овде постоеле древни цивилизации

Во средината на Овче Поле, јужно од Свети Николе се наоѓа големиот геоглиф од Канда кој е доказ дека во Македонија постоеле древни цивилизации.

Пред неколку години, големите телевизиски куќи како CNN, покажаа интерес за овој интересен феномен кој се наоѓа во права линија со мегалитската опсерваторија Кокино.

На 25-ти мај годинава, во петтата епизода од 13-тата сезона на „Ancient Aliens” на „History Channel”, геоглифот беше промовиран со кратко видео и објаснување што всушност тој претставува.

Создаден е пред околу 6000 години и е отпорен на ерозија. Голем е колку фудбалско игралиште и се наоѓа близу до археолошкото пронаоѓалиште Билазора. Пред четири години, тим од научници потврди дека геоглифот е направен од човечка рака и дека во близина некогаш се наоѓале палатите на македонските кралски династии.

Во видеото на „History Channel” се вели дека симболот на геоглифот потекнува од антички времиња и го симболизира големото Космичко јајце на Универзумот. „Геоглифот од Македонија“ е многу сличен на оние пронајдени во Перу, Чиле, Јужна Америка, Австралија, Велика Британија и САД: Ваквите големи цртежи со геометриски форми на животински и човечки фигури кои можат да се забележат од поголеми височини од небото, се сеуште непознати за научниците на нашето време.

На истражувањата во Овче Поле работи голем меѓународен тим на научници- Super Brain Research Group. Нивното истражување може да го видите ОВДЕ.

Leave a comment

Continue Reading
You may also like...

More in Инфо

To Top
error: Content is protected !!