Прославите и веселбите се секогаш идеално место за да се опуштиме и да се дружиме. Особено кога сме на свадба.
Понекогаш се пее, понекогаш се игра, често се среќаваме со драги луѓе, но после некоја чашка знаат да паднат и тешки муабети за политика, па да настане караница.
На една македонска веселба, еден од гостите после веселењето и забавувањето се сврте на караница, но не со некој од останатите гости, туку со самиот себе. Господинот застана пред огледало и почна да му дофрла на своето „второ јас“
„Ајде море тргви се, ајде бе ајде еј“- така гласи дијалогот, односно барем така вели описот под Јутјуб видеото. Како изгледаше оваа урнебесна караница може да погледнете и самите: