Мајкл Дамески – Македонецот кој го освои светот: Mожеби не освоив милион долари, но освоив милиони срца

Талент како Мајкл Дамески ретко се раѓа. Неговите танц изведби се вистинска уметност.

Натпреварувањето „World of Dance“, чиј дел од жирито беше и Џенифер Лопез, го освои танц групата The Lab. Тие со првото место добија и милион долари.

Веднаш зад нив, на второто место, заврши 22-годишниот Мајкл Дамески, Македонец роден во Сиднеј. Неговите родители имаат потекло од Прилеп, а според голем дел од фановите на ова натпреварување, Мајк требаше да ја понесе првата награда.

Официјалната страница на „World of Dance“ е преплавена од коментари дека Мајкл заслужил да биде победникот, но групата The Lab била составена од деца со солзи во очите кои испратиле силна порака со настапот, па затоа победиле.

Сепак, кога станува збор за танцување, според повеќето победник дефинитивно е Мајкл.

Но, без разлика на крајниот резултат, Мајкл стигна до врвот и сега целиот свет слушна за неговиот талент.

„Благодарен сум за ова искуство. Научив многу за себе и за своите способности. Нема сопирање за мене, ќе продолжам да го правам тоа што го сакам засекогаш. Можеби не добив 1 милион долари, но дефинитивно освоив 1 милион срца. Тоа ми значи најмногу. Ви благодарам „World of Dance“ и на сите кои ме поддржавте на ова патување. Честитки до победниците. Секој што изведуваше во финалето ја заслужува наградата, тоа е неспорно. До следниот пат…“, напиша Мајкл Дамески на својот Инстаграм профил.

Leave a comment

error: Content is protected !!