Прашај ја мама: Мајките дневно одговараат на 228 детски прашања

Мајките во просек одговараат на неверојатни 228 прашања на ден кои им ги поставуваат нивните деца. Поголемиот дел од децата, за секоја своја недоумица и се обраќа на мајката, бидејќи од таткото речиси секогаш добиваат одговор: Прашај ја мама!

Од доручек до вечера, просечната мајка издржува во просек 12, 5 часа испрашување, т.е одговара на едно прашање на секои 2 минути и 36 секунди. Најмногу прашања децата поставуваат за време на оброк, во просек по 11. На второ место е одењето до продавница со просечни 10 прашања.

Со проста математика се доаѓа до крајна пресметка дека една мајка годишно одговара на 105.120 детски прашања. Бројот на прашања кои децата ги поставуваат зависи од годините и полот на детето, а најмногу прашуваат 4-годишни девојчиња со 390 прашања на ден, а најмалку 9-годишни момчиња со „само“ 144 прашања во денот.

Иако со растењето, бројот на прашања се смалува, тие стануваат се потешки, така што 82 проценти од мајките признале дека не го знаат одговорот на сите прашања кои децата им ги поставуваат после деветтата година.

Најчести прашања на љубопитните деца:

  • Зошто е водата мокра?
  • Каде завршува небото?
  • Од што се направени сенките?
  • Зошто е небото сино?
  • Како рибите дишат во вода?

Leave a comment

error: Content is protected !!