Мајката на претепаното бебе во притвор, ќе оди ли и во затвор?

Мајката која со нејзиното бебе беше примена на КАРИЛ со повреди неофицијално, утре ќе биде сослушана од јавен обвинител.

Во меѓувреме, одреден и е притвор. Таа беше сместена во шелтер центар и во постојана придружба на социјален работник. Според информациите доцна попладнево жената од Шелтер центарот повторно била однесена во полициска станица на разговор и таму е задржана.

Од КАРИЛ потврдија дека бебето е во релативно стабилна состојба. Вчера го нахраниле и имало добар апетит. Уште е рано да се каже дали крвавењето во мозокот ќе остави последици врз неговиот натамошен развој.

Детето се бори за живот откако пред неколку дена во Ургентниот центар лекарска помош за него и за себе побарала мајката, и таа повредена. Таа имала полесни повреди и била однесена на распит во полиција, каде што неколку пати ги менувала изјавите. Детето имало скршеници на двете нозе, крвавење во мозокот и скршеница на челната коска. Се претпоставува дека и претходно било малтретирано, бидејќи скршениците на нозете се стари две до три недели.

Leave a comment

error: Content is protected !!