Мајка на три деца отишла по “бразилски задник” во Турција, но не се разбудила по операцијата

Леа Кембриџ од Лидс умрела по операција за зголемување на задникот во Турција.

Леа во турскиот град Измир отишла на клиника која е популарна меѓу британските ѕвезди, на интервенција позната како бразилско кревање на задникот. Иако точната причина за смртта не е позната, се верува дека починала поради компликации во текот на операцијата.

Младата Британка била мајка на три деца, кои ги родила во текот на 10-годишната врска со Скот Френк.

“Таа сакаше да се венчаме. Го планиравме тоа за наредните неколку години, а сега планирам погреб”, рекол Скот кој отишол во Турција по нејзиното тело.

Операцијата на која Леа отишла е многу популарна меѓу славните личности.

Чини околу 3.000 фунти, а самата интервенција трае околу еден или два часа, при што масно ткиво од стомакот и колковите се отстранува со липосукција и потоа се префрла во задникот.

Операцијата се изведува во услови на целосна анестезија.

Leave a comment

error: Content is protected !!