Луѓето крвареле од очи и уши: Објавена снимка од драматичното слетување на “RyanAir” во Задар

Авионот на “Ryanair” кој вчера летал од Даблин за Задар, морал поради нагло губење на притисокот принудно да слета на аеродромот во Франкфурт – Хан, на западот на Германија, соопштила германската полиција, пренесува “Deutche Welle”.

Како што наведува “FAZ”, 33 лица биле пренесени во болница поради болки во ушите и главоболки. Податоците од “FlightRadar” покажуваат дека авионот во само неколку минути се спуштил од повеќе од 9.100 метри.

Авионот на летот “FR7312” слетал во Хан во околу 23:30 часот, а од полицијата велат дека дошло до технички проблеми на летот и пад на притисокот, поради што пилотот морал принудно да слета.

Од полицијата нагласуваат дека точната причина за слетувањето на авионот уште не е позната.

Миодраг Тодоровиќ кој летал за Задар на Фејбук објавил фотографија на која се гледа дека биле спуштени и маските за кислород, а напишал и коментар дека одвај слуша на десното уво.

На некои од хоспитализираните патници им течела крв од очите и ушите, јавува “BBC”.

Од авио-компанијата објавиле дека биле употребени маски за кислород и дека екипажот извел контролирано слетување.

“ABC” на Твитер објавил снимка од авионот во моментот кога се случил падот на притисокот.

Во авионот имало 189 патиници, од кои 33 биле хоспитализирани, а дел од нив решиле да не го продолжат патувањето, рекле од германската полиција.

https://platform.twitter.com/widgets.js

Leave a comment

error: Content is protected !!