Лудо љубоморна: Млада мајка се самоубила пред својата ќерка, бидејќи дечко и не и враќал на пораките!

Младата жена обесена ја пронашла нејзината 3-годишна ќерка во семејниот дом, а како причина за самоубиството се наведува расправијата преку пораки со своето момче.

23-годишната Ањешка Гиза решила да си го одземе животот во Чешир во Англија, откако Марек Горалзек, нејзиниот партнер, прво и рекол дека не може да оди со него на концерт, за потоа, при расправијата преку пораки, да престанае да и одговара бидејќи му се испразнила батеријата на мобилниот телефон.

Горалзек по концертот отишол кај свој пријател, кој по некое време го разбудил и му соопштил дека мајката на неговата ќерка, Ањешка, си го одземала животот.

Како што соопштиле од полицијата, таа веројатно помислила дека момчето ја изневерува, па одлучила да се обеси. Несреќната девојка ја пронашла нејзината 3-годишна ќерка, која стоела покрај неа и врискала додека на ја слушнале мајсторите зад вратата, кои се нашле таму бидејќи имале договорена работа.

“Мажите стоеле пред вратата и ѕвонеле, никој не им отварал пет или десет минути. Станале загрижени бидејќи слушале како девојчето плаче внатре. Успеале да влезат во куќата па оделе од врата до врата, тропајќи на сите од нив, но немало одговор. Бидејќи и натаму го слушале девојчето како плаче, го следеле нејзиниот глас, па пристигнале до бањата. Ја отвориле вратата и тогаш ја виделе обесената Ањешка”, изјавил командирот Давид Вуд.

“На телефонот останал отворен “WhatsApp” разговорот со нејзиното момче. Таа сакала да оди со него на концерт, но тоа било машка вечер. Потоа му поставила ултиматум да се врати дома, но тој таа порака не ја видел бидејќи му се исклучил телефонот. Со токсиколошкиот преглед била утврдена голема количина на алкохол во нејзината крв”, додал Вуд.

Како што се наведува, самоубиството веројатно е извршено од небрежност, бидејќи сите докази велат дека само сакала да го заплаши сопругот.

Leave a comment

error: Content is protected !!