Лудило во Хрватска- Попусти во ресторани, намалувања во бутици… Се поради „Огнените“

Хрватска со нетрпение го исчекува дуелот во полуфиналето против Англија на Светско фудбалско првенство.

Во чест на овој натпревар, продавниците го скратија работното време за 11 јули. Преставите во театрите се откажуваат, во тек се огромни попусти во рестораните, кафулињата, бутиците- се во знакот на „Огнените“.

Хрватска стигна до четирите најдобри селекции и секако имаат за што да се надеваат. Колку целата нација моментално е опседната со успесите на фудбалерите во Русија, потврдуваат многу намалувања во продавниците, кафулињата и рестораните.

„Ако го погодите точниот резултат ќе вечерате со уште една личност бесплатно, не плаќате пијалок во текот на натпреварот против „гордиот Албион“ во одредени ресторани, а дресовите се продаваат по намалени цени. Туристите кои се во Хрватска на одмор во текот на наредните неколку дена ќе се вратат задоволни дома, а и ќе заштедат голема сума на пари. Бар до среда навечер, Загреб ќе биде еден од најактивните градови.

Најдобро поминаа туристичките агенции кои заработија голема сума на пари. Секако дека нагло порасна интересирањето за полуфиналниот натпревар, па многу граѓани побрзаа да резервираат свое место во авионот за Москва. Натпреварот помеѓу Хрватска и Англија ќе се игра токму во овој град.

Leave a comment

error: Content is protected !!