Ловец на богатство пронашол камера: На видеата има момче кое исчезнало пред 2 години

Ловецот на богатство Рич Алоха во текот на една своја авантура пронашол камера во Тенеси, на подрачјето околу Форест Фолса.

Иако можеби се надевал дека на камерата и натаму ќе бидат сочувани нечии снимки, не можел ни да претпостави дека ќе ги види последните моменти на Ричард Регланд, кој пред две години се удавил додека бил на излет на водопадите.

Камерата после толку време била функционална, а ја пронашол во кал.

Родителите на Ричард веќе две години ја барале камерата за да ја заокружат приказната за неговата смрт.

Прилично биле изненадени кога им се јавил Алоха.

“Навистина мислам дека Бог ме прати таму да ја пронајдам камерата. Мило ми е што ја најдов”, рекол тој.

SD картичката била недопрена.

“Ја прегледав снимката и помислив: “О Господе, ова е тоа момче””, рекол тој.

Родителите на Ричард ги пронашол преку Google, а потоа се јавил на неколку луѓе за кои претпоставил дека се нивни роднини.

Робин и Гери, родителите на починатиот Ричард, велат дека ќе се обидат да ја гледаат снимката, за да дознаат што довело до неговата смрт.

“Беше добар пливач, сакавме да знаеме што точно се случило тој ден. Тоа што го видовме досег е нашиот Рич – сакаше да ужива во животот. Благодарни сме му на Алоха што ни ја врати камерата”, рекол таткото.

Leave a comment

error: Content is protected !!