Лов на Шериф Шекат: Специјална единица на полицијата го обиколила квартот во Стразбур во кој исламистот убил три лица

Претходно властите објавиле фотографија од 29-годишниот француски државјанин Шериф Шекат, кој во Стразбур убил три, а ранил 13 лица.

Според зборовите на францускиот министер за внатрешни работи, Кристоф Кастанер, вкупно 720 луѓе се мобилизирани да го пронајдат.

Специјалната единица на француската полиција “RAID” започнала операција во населбата Нојдорф, дел од Стразбур, пренесува “Reuters”.

Француската полиција издала потерница за Шекат, осомничен за напад на божиќниот саем во Стразбур.

На потерницата Шекат се опишува како 29-годишник, висок 180 сантиметри, со нормална телесна градба, кратка коса, темен тен и со видлива дамка на чело.

Полицијата нагласува дека тој е многу опасен, како и дека го бараат повеќе од 700 припадници на француските безбедносни сили.

Leave a comment

error: Content is protected !!