Љубовница со добри намери: Таа спие само со оженети мажи, тврди дека спасува бракови

Поранешниот модел Гвенет Ли, во утринската емисија на британската телевизија “ITV”, раскажала како аферите што ги имала со оженети мажи зачувале многу бракови.

 

Објаснила дека станувало збор само за афери и дека била љубовница која има само добри намери.

Признала дека спиела со повеќе од стотина женети мажи, и дека тоа не го правела за пари.

“Ако имате афера значи дека некого длабоко сакате”, тврди таа и додава дека многу мажи кажале дека по “неверството со неа го спасиле својот брак”.

По нејзините тврдења некои интернет корисници реагирале токму онака како што се очекувало.

“Само што ги поттикна мажите да изневеруваат” и “сигурна сум дека паровите ќе ти се заблагодарат што им ги уништи животите”, гласеле некои од коментарите.

Leave a comment

error: Content is protected !!