Лесна мета: Вака Трамп секој ден ризикува да бидат откриени неговите највалкани тајни

Претседателот на САД, Доналд Трамп користи мобилни телефони кои се во сопственост на Белата куќа. Телефоните не се опремени со современа заштита, што е промена на праската на неговите претходници и поради тоа се изложува на ризици од хакирање и прислушкување.

Извори откриваат дека актуелниот шеф на Белата куќа, иако бил убедуван од соработниците дека еднаш месечно треба да го промени телефонот кој го користи за пишување твитови на Твитер, го одбил тоа, тврдејќи им дека тоа е премногу незгодно и непријатно.

Спрема тврдењата на дел од вработените во администрацијата во Белата куќа, Трамп користи најмалку два Iphone мобилни, еден за повици и друг за апликацијата Твитер и маса на информативни сајтови. Двата телефони ги има добиено од експертите за информатичка технологија и Агенцијата за комуникација на Белата куќа, во која работи огромен број на персонал, задолжен за надгледување на телекомуникациите.

Се наведува дека претходникот на Трамп, поранешниот претседател Барак Обама секои 30 дена ги предавал телефоните кои му ги издала Белата Куќа на експерти, за да проверат дали се мета на хакери или пак се прислушкувани.

Мобилниот телефон кој Доналд Трамп го користи за повици, има камера и микрофон, за разлика од оние кои ги користел Обама, што носи ризик дека хакерите лесно може да му пристапат. Вработените тврдат дека ЏПС-от е исклучен од сите уреди на престедателот Трамп.

Leave a comment

error: Content is protected !!