„Лего со моето его“- мултимедијален проект на Гордана Винчиќ кој мора да го видите

Од 19 мај, па се до 31 мај, во галеријата „Ко-ра“ во Дом на Култура „Кочо Рачин“ ( поранешно Дом на градежници), може да ја посетите изложбата, односно мултимедијалниот проект на уметницата Гордана Винчиќ- „Лего со моето его“.

Изложени се повеќе од 500 дела, изработени од Гордана во последните 4 години, што е само една четвртина од она што македонската уметница го има создадено во тој период, додека другиот дел се кај приватни колекционери и галерии низ целиот свет.

За отворањето на изложбата импресиите со нас ги сподели и самата Гордана Винчиќ- „Најинтересно доживување од отворањето на изложбата на мое задоволство беше посетата на луѓе од сите возрасти. Имав прилика да видам како сите тие ја доживеаа мојата уметност, творена во последните 4 години. Беше несекојдневно искуство да поразговарам директно со набљудувачите. Она што привлече многу народ, дури и повеќе од очекуваното, беше мултимедијалноста на мојата изложба- со перформансот на актерката Јелена Мијатовиќ, накит дизајнерката Икниа, како и музичкиот продуцент, мојот син, Александар Мијатовиќ Фјаза. Ги поканувам сите што досега не ја видоа изложбата, да дојдат до 31 мај, овде во галерија „Ко-Ра“

Понатаму, Гордана дава краток осврт за проектот:

„Овој мултимедијален проект е смислен визуелно да искаже еден од бројните начини како човекот може да се инспирира и самиот себеси да се остварува.Секој јунак мора да се одповика на предизвикот, но по патот треба да тргне сам. На тој пат како Одисеј тој ќе доживее и ќе сретне, но одлуката што ќе прави е само негова, и само така на крај тој дома ќе си дојде. Одисеј се посветува на архетипското значење на симболиката , нејзините пораки,сништата и сето тоа го процесира и донесува одлука, црпејќи и комуницирајќи со божественото. Одисеј на тој пат од животна важност наоѓа простор и за игра на островот на Калипсо тој се предава на сите можни декаденции и уживања до последната капка. Но сепак повикот негов го буди, и нова снага му дава по тоа што тој одлучил да оди. И тој прави лего од своето его. Мојата игра со самата себе ми помага да станам јунак, да се запознам и почувстувам на божествен начин. Мојата игра е запишана во моите дела преку линија, форма, нарација и ритам. Воедно таа игра е рефлексија од моите автентични доживувања и средби. Во текот на творечкиот процес се раѓам и играм една провокативна игра поттикната од сентиментот и егото. Овој дел од опусот е мојата длабока потреба по една духовна аватура, а самата креација ми го носи бараниот мир кој е истовремено спремен повторно да биде немир. Алхемискиот процесот на пресоздавање симболично раскажува преку змијата наречена ороборус дека кој сам себе за опаш се гризе континуирано се пресоздава и повторно се раѓа.Така и мојата внатрешена ороборусен процес настојувам да биде и игра да продолжам, по тоа што јас сакам. Со мојата креација се остварувам.“

Leave a comment

error: Content is protected !!