Ладата која вози наназад го воодушевила американскиот милијардер: Маск не можел да се собере, па твитувал на руски

Првиот човек на компаниите “SpaceX” и “Tesla Motors” на социјалната мрежа Твитер одговорил на прашањето на телевизијата NTV, “Како ти изгледа ова, Елон Маск”, кое се однесувало на преправената лада, на која хаубата и багажникот ги смениле местата, па се стекнува впечаток дека возилото вози наназад.

“Ха, ха, јако”, сосема неочекувано одговорил Маск на прашањето како му се допаѓа преправената лада, зад чиј волан бил иноваторот, 18-годишно момче од Русија.

Снимката која NTV ја поставил на Твитер била направена на улиците на рускиот град Ствропољ.

Корисниците на социјалните мрежи на Западот претходно се воодушевиле од мемето “Како ти изгледа ова, Елон Маск”, кое пред околу една година во Русија стекнало голема популарност.

Секогаш кога некој објавува неверојатни или до апсурд доведени изуми, му ја фрла “ракавицата” на Елон Маск.

Leave a comment

error: Content is protected !!