Купил автомобил, a во него писмо: Кога го прочитал, веднаш го вратил возилото кај претходниот сопственик

Кевин Дјук решил да купи автомобил за 16. роденден на својата ќерка. Кога го бирал автомобилот, најважно му било истиот да е безбеден и неговото дете да биде безбедно во сообраќајот.

Кога ја отворил преградата кај совозачкото место, таму пронашол едно писмо. Писмото било адресирано до новиот сопственик на автомобилот. Во истиот момент го отворил и прочитал нешто неочекувано.

Писмото било напишано од жена, која наводно ги изгубила трите најважни личности во својот живот: 6-годишната ќерка, мајка и тетка, кои загинале во пожар. За да плати за трите погреби, морала да го продаде автомобилот.

“Инаку, нејзиното име е Силвија. Првиот ден кога ја возевме, на радио одеше песната “Мајката на Силвија”. Името ми остана во глава, па така го нарековме и автомобилот. Ве молам, задржете го тоа име. Ако некогаш посакате да ја продадете Силвија, ве молам, јавете ми се. Платив три погреба, па моментално немам за автомобил. Меѓутоа, се надевам дека наскоро ќе бидам во подобра финансиска состојба, па ќе можам да го откупам”, напишала претходната сопственичка.

Овие зборови многу го погодиле Кевин. Разговарал со својата ќерка Џејда и се договориле да заштедат пари за друг автомобил, а овој да и го вратат на несреќната жена, како спомен на семејството кое го изгубила.

Leave a comment

error: Content is protected !!