Купил 4 телевизори за да гледа Светско- Разбеснетата жена го исфрлила од дома

Светското фудбалско првенство во Русија е нешто што со нетрпение го очекува голем број од машката популација.

Некои фанови штедат со години за да одат и да го следат во живо, некои едвај чекаат да се обложуваат, а некои сакаат да го гледаат на што повеќе телевизори.

Една Израелка најави дека ќе го тужи сопругот, бидејќи купил дури четири телевизори за да го гледа Светското првенство во фудбал. Жената била бесна бидејќи нејзиниот сопруг дома донел четири телевизори за да ги следи натпреварите. Таа навела дека не сака куќата еден месец да и биде претворена во „бучен машки клуб“. По жестоката караница меѓу двајцата сопружници, била повикана и полиција.

Најпрвин, жената му предложила на сопругот да ги подари телевизорите на некој на кого му се навистина потребни, меѓутоа откако одбил да го стори тоа, му наредила да ја напушти куќата и привремено да се пресели кај родителите. Во случај да остане дома, рекла дека ќе го тужи.

Жената за весникот „Марвив“ раскажала дека сопругот дури и се заканувал дека ќе и ја скрши главата со телевизор ако му забрани на мира да го следи Светското првенство.

Leave a comment

error: Content is protected !!