Куфер од кој течелa крв пронајден на факултет во Хонгконг: Ја убил сопругата, а нејзиниот леш со денови го чувал во кабинет на универзитетот

Професорот на Универзитетот во Хонгконг, Чеунг Кејчунг, е осомничен за убиство на сопругата Тина Чан.

Полицијата нејзиниот леш го пронашла во кабинет на факултетот спакуван во куфер, кој бил сокриен во голем дрвен сандак. Жената била во долна облека, со кабел околу вратот.

“Од куферот течеше крв и многу лошо мирисаше”, соопштила полицијата. Жртвата очигледно била задавена, но уште се чека на обдукцијата. Пред да е пронајдено телото, професорот им пратил мејл на студентите во кој им се извинил за присуството на полицијата.

“Дојдоа да направат истрага во случај со исчезнато лице од моето семејство. Нема причина за загриженост”, напишал во пораката.

Професорот на 20. август го пријавил исчезнувањето на сопругата. Рекол дека го напуштила станот три дена откако се скарале и дека од тогаш не се вратила.

Безбедносните камери, сепак, го снимиле професорот како изнесува голем дрвен сандак, но на ниедна снимка не се гледа како неговата сопруга ја напушта зградата.

Leave a comment

error: Content is protected !!