Куче домашен миленик убилo бебе старо само 20 дена: Му ја гризелo главата, родителите немоќно го раздвојувале

Бебето старо 20 дена трагично го изгубило животот откако било нападнато од семејното куче.

Трагедијата се случила во крајбрежниот град Фасниa на Тенерифе за време на ручекот, а кучето кое го нападнало бебето не било агресивно по природа, и како белгиски овчар, не се ни наоѓало на листата на агресивни видови.

Како што изјавиле од полицијата, родителите откако ја виделе ужасната сцена во која кучето го гризело нивното бебе за глава, тргнале да ги раздвојуваат несреќното дете и кучето, по што ги повикале надлежните служби и итната помош.

Докторите и медицинскиот персонал повеќе од половина час се обидувале да му го спасат животот на бебето, но за жал, не успеале.

Во Фасниа бил прогласен ден на жалост, а градоначалникот на овој град изјавил дека овој настан ги шокирал сите жители на местото, како и дека знамињата на општината, како и на објектите на кои се истакнати државни обележја, ќе бидат спуштени на пола копје.

 

Leave a comment

error: Content is protected !!