Крвав напад во Америка! Шерифот: Има многу жртви! ФБИ ги преплавил улиците, напаѓачот е активен и пука

Повеќекратни жртви се пријавени во пукањето кое се случило кај Балтимор, во американската сојузна држава Мериленд.

“Можеме да потврдиме дека се пукаше во околината на патиштата Спесутја и Перимен. Жртвите се бројни. Ситуацијата е уште нејасна. Ве молиме избегнувајте ја оваа област”, се наведува во соопштението од канцеларијата на шерифот во Округот Харфорд.

Станува збор за област меѓу Абердин и Периман, а поради активниот напаѓач на терен излегле и ФБИ и АТФ.

Исто така на Твитер се појавиле и тврдења дека двајца полицајци се застрелани кога дошле со налог за претрес. Осомничениот пукал во нив низ затворена врата.

Пукањето се случило кај бизнис паркот во Перимен, град кај Балтимор.

Еден од локалните жители го поставил ова видео на ЈуТјуб:

Гувернерот на Мериленд Лери Хоган изјавил дека будно ја следи ситуацијата и дека државата нуди секаква помош.

Leave a comment

error: Content is protected !!