Крузер на блуд и разврат: Камерите забележале оргија на брод, на кој полесно е да се купи кокаин отколку пијалак

Едно реално шоу, кое се снимало на крузер за потребите на британската телевизиска куќа “Channel 4”, се претворило во “оргија полна со дрога”, на која е “полесно да се купи кокаин отколку пијалак”, тврдат сведоците.

Една од нив е 37-годишната Алисија Морис, која вели дека забавата била далеку од гламурозна, како што ја рекламирале.

“На бродот беше полесно да се купи кокаин отколку пијалак. Беше лудо”, тврди еден патник со кој разговарале новинарите на “Daily Mail”.

Според сведочењата на патниците, цената на кокаинот била 300 евра.

На бродот наводно имало толку дрога што речиси секој соговорник од листата можел да потврди дека со свои очи видел некој како консумира кокаин, а некои сведочеле и групен секс на платформата на бродот.

“Беше апсолутно ужасно. Буквално никогаш не сум видела таков хаос. Луѓе кои повраќаат во базен, на пат кон кујната за појадок наидувате на онесвестени луѓе и гледате други кои шмркаат кокаин”, рекла една патничка.

Еден сведок од забавата вели дека “не знаеле дали се на крстарење или на оргија полна со кокаин”.

Британски “Sun” ја пренесува и изјавата на еден патник кој се качил во Барселона, а која тврди дека луѓето пушеле трева, како и тоа дека покрај базенот имало бели кревети на кои “гледал луѓе едни преку други”.

Снимките кои ги објавуваат медиумите и кои може да се најдат на социјалните мрежи тоа до некаде го потврдуваат.

Бродот тргнал од Барселона, по што се упатил кон Ибица, Палма Де Мајорка, Кан и потоа се вратил во Шпанија. Патувањето траело седум дена.

Leave a comment

error: Content is protected !!