Еден татко од Филипините го спасил својот син од устата на крокодилот, така што грабливецот го гризнал за нога.
12-годишниот Диего Абулхасан пливал со својот помлад брат во реката во близина на семејната куќа во градот Балабац, во регионот Палаван на Филипините, кога крокодилот го нападнал и го одвлекол под вода.
Нивниот татко Тејада Абулхасан слушнал повици за помош и трчал 100 метри од домот до реката, па нурнал вооружен со парче дрво.
Веднаш почнал да го удира животното – но крокодилот не сакал да го пушти Диего.
Во чинот на очај, тој ја фатил ѕверката и неколку пати ја гризнал за нога “како Ротвајлер”.
Чудесно, крокодилот го ослободил детето и отпливал во матните води, а таткото го извлекол синот на брегот и го однел во болница.
Абулхасан и рекол на полицијата дека “не размислил два пати” да скокне во реката и да се бори со крокодилот. “Во моето тело имаше толку многу адреналин што немав време за размислување. Го удирав крокодилот и тоа не го ослободи мојот син. Се борев со него и го гледав во очи. Тогаш од никаде добив идеја да го гризнам. Му ја зграбив ногата и го гризнав најсилно што можам.
Диего минал две вечери во болница пред да биде ослободен. Има неколку лузни, но нема трајни и сериозни повреди.
Полицаецот Сократес Фалтадо, портпарол на регионалната полиција MIMAROPA тврди: “Поради храброста на таткото жртвата не се удавила и претрпела само рани од крикодилските касања”.