Криза на средни години? Купувачите на “muscle car” моделите се постари од 50 години

Иако можеби сте помислиле дека за автомобили како што “Dodge Challenger”, “Ford Mustang” или “Chevrolet Camaro” во главно се заинтересирани помлади купувачи – колку и старосната одредница да е релативна работа – се воспоставило дека тие, во просек, влегле во шестата деценија од животот.

Најмладите меѓу нив се оние кои како свој нов автомобил го избрале Dodge Challenger. Купувачите на овој модел во САД во просек имаат 51 година.

Нешто постари се купувачите на Mustang и Camaro, и покрај тоа што актуелните генерации на овие два модели на пазарот пристигнале подоцна во однос на Challenger, кој е на продажба во оваа верзија уште од 2008-ма година.

Аналитичарите ова го објаснуваат со подобрите продажни услови кои ги нудат дилерите на “Dodge” автомобилите, но и фактот дека Challenger со својата пространа и комфорна патничка кабина е попрактичен за секојдневна употреба од преостанатите два ривала. Исто така, Challenger е достапен со погон на сите четири тркала.

Leave a comment

error: Content is protected !!