Кражба тешка 122 милиони долари: Литванец ги измамил Гугл и Фејсбук, и “им земал” милиони!

Евалдас Римасаускас е Литванецот кој успеал да ги измами гигантите Гугл и Фејсбук за неверојатни 122 милиони долари. Тој неодамна е разоткриен и му се закануваат неколку тужби.

Евалдас украл 99 милиони долари од Фејсбук и 23 милиони долари од Гугл така што им испраќал сметки за работи кои никогаш не биле купени. Никој од овие гигатнски компании никогаш не ја проверил валидноста на сметките па така Литванецот поминал незабележано сè до неодамна кога Гугл откри дека нешто не е во ред.

Тој неодамна раскажа дека сметките ги праќал од многу други документи, па така никој не се посомневал во нивната исправност. Тој дури составувал мејлови кои ги потврдувале неговите барања за исплата.

Тој потоа се претворал дека ја поседува тајванската фирма “Quanta Computer Inc”, која дури ја регистрирал во Литванија за сè да изгледа автентично.

Евалдас неодмна бил разоткриен и моментално му се заканува тужба за проневера, кражба на идентитет и перење пари. Се согласил да врати 50 милиони долари, но сè уште му се заканува казна затвор од 30 години. Судењето ќе биде одржано кон крајот на јули.

Leave a comment

error: Content is protected !!