Кралското семејство не работи ништо, а пари им “капат” од сите страни

Британското кралско семејство има приходи од неколку места, а кралицата Елизабета Втора е тешка 360 милиони фунти.

Елизабета Втора и нејзиниот син Чарлс, најмногу “заработуваат” од своите имоти и парите кои ги добиваат од парламентот. Сепак, милиони фунти влегуваат и во џебовите на другите членови на семејството, на кое во саботата, на 19. мај, му се приклучила и американската актерка Меган Маркл.

Три главни извори на приходи на кралицата се апанажа, личните имоти и инвестициите. Кралската апанажа се издвојува од приходите на имотите и фармите, кои годишно заработуваат стотина милиони фунти. Повеќето одат во британската влада, но 15 до 25 проценти одат за кралското семејство.

Војводството на Ланкастер е важен извор на приходи. Станува збор за приватни комерцијални, земјоделски и станбени структури кои датираат од 13. век. Минатата фискална година тоа војводство инкасирало околу 19,2 милиони фунти за кралицата. Со тие пари се плаќаат приватните трошоци на кралицата, но и приватните трошоци на оние членови на кралското семејство кои преземаат дел од официјалната должност.

Шкотскиот дворец Балморал, како и Сандрингем кај Норфолк се во лична сопственост на кралицата. Елизабета Втора овие имоти ги наследила од својот татко.

Елизабета Втора исто така поседува вредна колекција од поштенски марки, бројни уметнички дела и акции. Голем број од накитот на кралицата, како и уметничките дела, се всушност во сопственост на хуманитарното друштво “Royal Collection Trust”. Сопругот на кралицата, принцот Филип, исто така добива 359.000 фунти годишно за финансирање на своите должности. Минатата година се пензионирал по 60 години јавна служба.

Чарлс, принцот од Велс и прв во редот за престолот, и неговата втора сопруга Камила, војвотка од Корнвол, исто така живеат од комбинација на јавни и приватни средства. 90 проценти од нивните приходи доаѓаат од најстарото војводство, Корнвол, основано во 1337. година. Чарлс и неговото семејство минатата година заработиле 20,7 милиони фунти.

Сите тие пари кралското семејство ги троши на плати за вработените, трошоци за патување и заштита. Околу 6,6 милиони фунти одат кај синовите на Чарлс, принцовите Вилијам и Хари. Сега кога Хари се оженил, ќе добие и поголеми приходи.

Инаку, браќата Вилијам и Хари имаат и свое приватно богатство кое го наследиле од својата мајка, покојната принцеза Дајана.

 

Leave a comment

error: Content is protected !!