Крај на 19-годишната богата кариера: Величе Шумуликоски ги “обеси копачките на клин”

Поранешниот македонски репрезентативец, 37-годишниот Величе Шумуликоски, по 19 години реши да стави крај на својата богата фудбалска кариера.

Тој кариерата ја заврши во екипата на Словачко. За тој клуб од Словачка потпиша во 2013. година, а го доби и статусот капитен.

Шумуликоски инаку е трет фудбалер на според бројот на настапи за македонската репрезентација, со 84. Единствено повеќе од него имаат Гоце Седлоски (100), и Горан Пандев, кој зад своето име има 94 настапи за репрезентацијата.

Величе имаше богата интернационална кариера, а во текот на изминатите 19 години бранеше бои на клубови од Турција, Русија, Англија, Кина…

Шумуликоски може да се пофали дека има играно во респектирани европски екипи како Трабзонспор, Зенит од Санкт Петерсбург, Престон и Испвич. Неговата последна дестинација беше Словачко, каде настапуваше и на почетокот на својата кариера.

Leave a comment

error: Content is protected !!