Коза избрана за градоначалник, ќе има и обврски

Жителите на градот Фер Хајвен, на североистокот на САД оваа недела за градоначалник избрале коза која ги има сите политички предиспозиции, бидејќи се вика Линколн.

Тригодишната коза со долги бели уши, победила на гласањето со 15 кандидати, меѓу кои биле и глодарот Кристал како и бројни кучиња и мачки, навеле локалните власти.

Градот со 2.500 жители нема официјален градоначалник, туку градски менаџер – Џосеф Гантер. Гантер дошол до идејата за изборите по едно слично гласање во друг град, а парите кои биле собрани за гласање биле употребени за изградба на игралишта.

Така Линколн, козата наставник по математика во градот, освоила 13 гласа. Козата за “влакно” го победила кучето Сами.

Козата во текот на едногодишниот мандат ќе мора да биде присутна на разни манифестации, како што е локалниот саем за јаболки.

Линколн наредната седмица треба и официјално да ја преземе функцијата, а на приемот ќе има можност да дегустира зелка и други специјалитети за кози.

Leave a comment

error: Content is protected !!